Свет

„Мораме да се погрижиме војната во Украина да не се прелее на Балканот“, вели британски пратеник за Западен Балкан

Иако ситуацијата во БиХ е загрижувачка, тоа е политичко прашање, а не безбедносна криза, изјави британскиот пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич.

Но, тој во разговор за хрватската агенција Хина вели и дека војната во Украина е „предизвик“ кој не смее да се прелее на Балканот. Тој, исто така, го поздрави неодамнешното зголемување на бројот на војниците на ЕУФОР во БиХ од 600 на 1.100, што тој го нарече „видлива демонстрација на присуство“.

„Ситуацијата во Босна и Херцеговина е загрижувачка. Се разбира, тоа е политичка ситуација, политичко прашање, а не безбедносна криза. Мораме да работиме заедно за да го спречиме тоа да се случи“, рече Пич.

Поранешен висок командант на британските воздухопловни сили и поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО, Пич беше назначен за британски пратеник за Западен Балкан на крајот на 2021 година.

На почеток