Стотици луѓе се уште се под театарот во Мариупол, спасувањето трае веќе два дена
Спасувачите сè уште копаат низ урнатините за да стигнат до сите преживеани, по нападот во средата врз театарот во Мариупол. Досега се извлечени околу 200 преживеани и се верува дека сите преживеале. Се верува дека повеќе од 1.000 луѓе нашле засолниште во театарот.
Иако не е познат ниту бројот на луѓе, ниту бројот на преживеани, се верува дека сите преживеале. Скај њуз пишува дека властите не сакаат да зборуваат или да проценат за какви бројки би можело да се работи.
Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави дека спасувачките операции се уште се во тек.
„Потребно ни е повеќе време да дадеме проценки за жртвите и преживеаните. Градот сè уште е нападнат и тоа ја отежнува нашата спасувачка операција“, рече тој.
Украинскиот пратеник Дмитриј Гурин во Мариупол изјави дека и неговите родители се заробени. „Таму сè е во урнатините. Засолништето под театарот има три зони и не знаеме точно каква е состојбата во секоја зона. Се чини дека никој не е оштетен, но луѓето не можат да излезат бидејќи не можеме да расчистиме областа поради постојани напади. Ситуацијата е многу опасна.“ изјави пратеникот Гурин.