Свет

(ВИДЕО) Кадиров објави видео од „чистењето“ на Мариупол: „Влегуваме во секој стан“

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео од неговите борци во Мариупол.

Како што изјави, влегуваат во секоја куќа и зграда.

„Тоа не се случува толку брзо како што секој би сакал“, рече тој, кој со денови објавува снимки од неговите војници како го „чистат“ градот.

Тој ги обвини членовите на „Азов“ дека ги користат горните катови на зградите, додека жените и децата се во подруми и засолништа.

„Тие се пресоблекуваат во цивилна облека, а потоа срамно бегаат“, рече тој.

Кадиров објави снимка од семејство како излегува од подрумот по неколку дена. Нивните животи повеќе не се во опасност“, напиша тој.

Тој наведува и дека на места може да се најде и расипана опрема на „Азов“.

„Мислат ли дека ќе ги бараме на воени ознаки? Вашите списоци со имиња, слики и адреси ги имаме одамна“, рече тој.

На почеток