Свет

Од почетокот на војната во Киев убиени 222 лица, меѓу кои и четири деца

Од почетокот на војната во Киев загинале 222 лица, соопштија локалните власти.

Градската управа на Киев објави дека вкупниот број на загинати во главниот град е 222. Тоа вклучува 60 цивили и четири деца.

Тие додадоа дека уште 889 лица се повредени, меѓу кои 241 цивили и 18 деца, пренесува Ројтерс. Освен тоа, од почетокот на војната во Киев се родени 757 деца, се вели.

Главниот град се уште е зафатен од нападите, во кои едно лице загина, а околу 20 беа повредени, меѓу кои и четири деца. Оштетени се шест згради.

„Русија го гледаше Киев како своја главна цел – надевајќи се дека ќе ја собори сегашната влада и ќе постави марионетска верзија – но нејзините сили се запрени поради логистички проблеми.

На почеток