Денес сончево со температура до 9 степени

Од
Објавено на

УХМР најавува дека времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито, со мала до умерена облачност поголема во јужните делови.
Во крајните јужни делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
