Дали Мајорот Д. П. е вратен од мисија затоа што немал НАТО сертификат, и кој лобирал тој да биде пратен, прашува опозицијата


Петровска да одговори дали Мајорот Д. П. од струмичко е официрот вратен од мисија затоа што немал НАТО сертификат, и кој лобирал тој да биде пратен, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Дали Министерството за одбрана пратило на мисија пред неколку месеци официр, Мајор Д.П. по потекло од струмичко на мисија на КФОР во Косово?
Штетата која е нанесена врз министерството со овој чим е над 50.000 евра, за плати на официрот и логистички трошоци.
Официрот без НАТО сертификат не можел да извршува задачи од важност на мисијата, и се доаѓа до заклучок дека единствено што можел истиот да работи е да спортува.
Петровска и Ковачевски да одговорат зошто се праќаат лица на мисии без да поседуваат НАТО сертификати? И дали се свесни дека со ваквите дејствија и штетат на Алијансата?
За чии интереси работат Петровска и Ковачевски“, се вели во соопштението.
