СДС не може да престане да лаже, сопственикот на возилото е казнет, а за полицајците има дисциплинска постапка, вели ВМРО-ДПМНЕ


„СДС не може да престане да лаже, сопственикот на возилото е казнет, а за полицајците има дисциплинска постапка“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:
СДС не може да престане да лаже.
Сопственикот на џипот е санкциониран, исто така има и дисциплинска за полициските службеници.
Ја разбираме потребата на Кузеска да се докажува пред Венко Филипче кој на отворена сцена си бира нов портпарол, но барем Богданка да си го сочува достоинството и да престане да лаже. МВР излезе со информација дека сопственикот на џипот е казнет, а има и дисциплинска постапка за полицајците.
Ова беше незамисливо во време на СДС, тогаш, ќе потсетиме, полицаецот се удираше во пајакот само да не го казнат високиот функционер на ДУИ.
Законот, докажуваме, дека важи за сите.
