Свет

Украина: Привремено го изгубивме пристапот до Азовското Море

Украинското Министерство за одбрана објави дека земјата „привремено“ го загубила пристапот до Азовското Море во време кога руската армија го стега обрачот околу главното пристаниште Мариупол, објави денеска Ројтерс.

– Руските окупатори делумно успеаја во операциите во Доњецк, привремено ѝ го одбија пристапот на Украина до Азовското Море – се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Русија во петокот соопшти дека го затегнува обрачот околу Мариупол, каде што, според Ројтерс, се проценува дека околу 80 отсто од домовите се оштетени и дека до 1.000 луѓе би можеле да бидат заробени во засолништата под разурнатиот градски театар.

На 1 март Русија изјави дека нејзините сили ѝ го отсекле пристапот на украинската армија до Азовското Море.

На почеток