Свет

Путин и Макрон телефонски разговарале за ситуацијата во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за ситуацијата во Украина, соопшти Кремљ.

„На иницијатива на француската страна беше извршен телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и Франција. Продолжува размената на мислења за ситуацијата околу Украина“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Путин и Макрон разговарале за разговорите меѓу Москва и Киев, се додава.

„Во врска со загриженоста на Емануел Макрон, рускиот претседател нагласи дека руските вооружени сили кои учествуваат во специјалната воена операција прават се што можат за да ги спасат животите на цивилите“, соопшти Кремљ.

На почеток