Свет

Се отвора хуманитарниот коридор во регионот Луганск

Хуманитарниот коридор за евакуации во Луганската област ќе биде отворен денеска, најави регионалниот гувернер Серхиј Гаидај.

– Хуманитарниот коридор е договорен, ќе се обидеме денеска да ги евакуираме луѓето и да донесеме храна – рече Гајдеј.

Тој додаде дека за денеска е договорено затишје и дека ќе стапи на сила во 9 часот по локално време, пренесува Ројтерс.

На почеток