Свет

„ЕУ да го забрза процесот“, вели Абазовиќ

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ ја повика Европската унија да го забрза процесот за членство на земјите кои сакаат да се приклучат на блокот.

Причината, како што наведува, е што слични сценарија како она во Украина да се случат во другите региони во Европа.

Абазовиќ за новинската агенција Анадолија, на маргините на Форумот за дипломатија во Анталија, одржан минатата недела, изјави дека панел дискусијата за пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ е интересна, особено во светлината на актуелната криза меѓу Русија и Украина.

„Овој момент е многу клучен за Европа, можеби и за светот. Се надевам дека руската војна веднаш ќе заврши. Но, треба да испратиме порака дека ЕУ треба да разбере дека земјите кои сакаат да ѝ се приклучат и се многу далеку во Процесот на проширување треба да имаат некаков, да речеме, побрз пат во моментов, ако не го сакаме истиот проблем како во друг дел од Европа“, рече Абазовиќ.

По повод средбата на министрите за надворешни работи на Украина и Русија на форумот, вицепремиерот изрази надеж дека ваквиот настан ќе биде многу охрабрувачки во однос на промовирање на мирот и цивилизациските вредности.

На почеток