Актуелно

ЦИА тајно тренира украинска војска, тврди поранешен разузнавач

ЦИА тајно ја обучувала украинската армија, изјави поранешниот американски разузнавач Рајан Хилсберг во програмата на американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Според Хилсберг, кој по неговата служба почнал да се занимава со аналитички и безбедносни прашања, американската Централна разузнавачка агенција продолжува да ја обучува армијата, не само од Украина, туку и од други земји.

„Редовно даваме таква поддршка во сите делови на светот. Драго ми е што излезе веста, што не седевме со скрстени раце. Постапувавме претпазливо, ги очекувавме непријателските потези. Значаен дел од обуката се одвива зад сцената”, додаде тој.

Поранешниот припадник на ЦИА во изјава за новинарите истакна дека обуката на украинските борци може да се одвива и на територијата на САД, во воената база за обука на американските разузнавачки служби во Вирџинија.

„Нашите тренинзи се многу напорни, крајно исцрпувачки. Толку е стресно што после тоа, сè во реалниот живот ви изгледа релативно лесно“, објасни Хилсберг.

На почеток