Свет

Русија: Го уништивме подземниот магацин со суперсонични ракети

Русија уништи подземно складиште за муниција во Украина со помош на суперсонични ракети, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Конашенков тврди дека во магацинот имало ракети и „воздушна муниција на украинските сили“.

Русија никогаш не признала дека користела суперсонични ракети во борба. Станува збор за балистички ракети кои можат да летаат во горниот дел од атмосферата пет пати побрзо од брзината на звукот.

Според руската војска, ракетниот систем „Кама“ што се користи во нападот е способен да цели на оддалеченост од повеќе од 2.000 километри и може да ги совлада сите постоечки системи за воздушна и ракетна одбрана.

На почеток