Свет

Градоначалникот на Мариупол: Борбите го отежнуваат спасувањето на луѓето од гранатираниот театар

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, рече дека уличните борби во центарот на градот го отежнуваат спасувањето на стотици луѓе заробени во подрумот на театарот што властите велат дека Русија го гранатираше во средата.

„Непријателските сили се побројни од нашите“
Бојченко рече дека спасувачките тимови можат да ги исчистат урнатините и да спасат луѓе само кога ќе има прекин на огнот.

„Има тенкови, артилериски оган и пукање од секакво оружје. Нашите сили прават се што можат за да ги задржат позициите во градот, но непријателските сили за жал се побројни од нашите“, рече тој. Тој не можеше да процени уште колку луѓе успеале да ја напуштат областа во последните 24 часа.

Русите велат дека тие не го гранатирале театарот
Властите вчера објавија дека 130 луѓе успеале да побегнат и дека повеќе од илјада луѓе се уште се во подрумот, кој го издржал гранатирањето. Русија негира дека ја гранатирала зградата, која била означена како засолниште за цивили.

Бојченко, исто така, рече дека 40.000 луѓе успеале да го напуштат градот во последните пет дена и дека дополнителни 20.000 луѓе чекаат евакуација.

На почеток