Актуелно

„Јутарњи лист“: Во Хрватска семејствата купуваат и до 40 литри масло

Семејствата во Хрватска купуваат и до 40 литри зејтин, пишува денеска „Јутарњи лист“ и наведува дека доколку продолжи зголемената побарувачка, трговците би можеле да воведат рестрикции.

Откако големите малопродажни синџири во некои европски земји воведоа ограничувања за купување одредени прехранбени производи поради страв дека војната во Украина може да доведе до недостиг и високи цени, хрватските граѓани почнаа да собираат залихи, а фотографии од празни полици и колички полни со масла се шират на социјалните мрежи, пишува весникот.

Трговците во Хрватска велат дека се добро снабдени и дека немаат намера да воведат ограничувања за еднократна набавка на масло за јадење. .

Од фабриката за масло „Звијезда“ од Групацијата Фортенова како и од фабриката за масло „Чепин“ велат дека имаат доволно количества суровини и затоа не се стравува од недостиг на масло на хрватскиот пазар.

Сепак, директорот на Групацијата Фортен, Фабрис Перушко, за Нова ТВ изјави дека нивниот малопродажен синџир најверојатно ќе воведе ограничувања за еднократното купување масло, не затоа што нема, туку за да спречи забрзана потрошувачка на нивните залихи.

Конзум рече дека нема да го ограничи износот на набавките во овој момент, но доколку побарувачката продолжи да се зголемува со оваа стапка, ќе бидат потребни одредени ограничувања.

Директорот на НТЛ Мартин Евачиќ потврдува дека има зголемен откуп на масло, брашно, тестенини, ориз и шеќер, но дека немаат намера да воведат рестрикции.

Трговците очекуваат дека може да има одредено зголемување на цените, но не до степен до кој стравуваат потрошувачите.

На почеток