Кузеска да се информира од Георгиевски за тоа колку трошел за привремени вработувања, вели Стефковски
Лицемерието на политичката партија СДСМ го достигна врвот, вели градоначалникот на Гази Баба во реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ
„Наместо да се обидува да манипулира со граѓаните, ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се ифнормира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа колку трошел за привремени вработувања? Денешниот договор за привремени вработувања е помал од оние во времето на претходниот градоначалник за околу 5 милиони денари.
Во периодот на владеењето на СДСМ со општина Гази Баба биле склучувани договори со лица кои никогаш не се појавиле на работа во општинската администрација, а примале плата од буџетот на општината со месеци.
Дополнително на оние кои биле со договор за привремени вработувања висината на платата им се определувала паушално и надвор од утврдената систематизација.
Овие појави во општина Гази Баба станаа минато.
Времето на незаконско работење во општина Гази Баба заврши.
Ги упатуваме СДСМ да се информираат од своите функционери зошто не даваат согласности за вработување во градинките, па мора општината од својот буџет да издвојува средства“, се вели во реакцијата.