Стефковски: Донесен буџетот за 2025 година – следува брз развој за Гази Баба
Од
Објавено на
Денес 25.12.2024 година, Советот на општина Гази Баба оддржа редовна седница на која го усвои буџетот за 2025 година.
За донесувањето на буџетот, информираше градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на социјалните мрежи.
„Со задоволство сакам да Ве информирам дека на денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба донесе буџетот на општина Гази Баба за 2025 година.
Овој буџет е реален приказ на Вашите барања и решение на многу Ваши проблеми кои ги нотиравме при процесот на неговото креирање заедно со Вас граѓаните“, напиша Стефковски.