Промени тема
Контакт

Урната дивоградба во Керамидница, Стефковски: Нема компромис со Законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library4cda7o0iv9ch0JdpuDf

Општина Гази Баба утрово спроведе акција за уривање на дивоградба во населбата Керамидница, изградена на државно земјиште, како дел од, како што велат од локалната власт, континуираната борба против бесправното градење.

— реклама —

Градоначалникот Бобан Стефковски порача дека институциите ќе постапуваат решително и без исклучоци, нагласувајќи дека „нема компромис со Законот“.

„Секторот за инспекциски работи презеде активности за уривање на објектот со цел заштита на јавниот интерес и воспоставување ред во просторот. Акцијата се спроведува согласно сите законски процедури, со присуство на надлежните служби“, информираше Стефковски.

— реклама —

Тој посочи дека во изминатиот период се реализирани повеќе вакви акции низ општината, со што, како што рече, се испраќа јасна порака дека бесправното градење нема да се толерира.

— реклама —

„Ова не се еднократни активности, туку дел од стратегија за воспоставување урбан ред, заштита на јавните површини и обезбедување планска изградба“, изјави Стефковски.

Градоначалникот упати апел до граѓаните да не започнуваат градба без соодветна дозвола, предупредувајќи дека секоја бесправна градба ќе биде санкционирана согласно закон.

„Законот важи за сите и ќе се применува неселективно, без разлика на било каква припадност“, нагласи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhlubqs1lh1c26gBcC5z

Синоќа започна миењето на улиците во Гази Баба

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhlo1d0tkqgarcpfMfPf

Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“: Се санира 1,5 километри коловоз

Скопје | пред 2 седмици

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 3 седмици

uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања