Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Предупредување за сомнително лице во Хиподром, граѓаните повикуваат на внимателност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryutfse80mvlgi7rvcLqB

Уличното куче Душка, кое жителите на Хиподром го нарекуваат свој миленик и херој, вчера алармирало за сомнителна појава на патеката зад „Семенарство“, каде што во минатото неколкупати избувнувале пожари.

Според објавата на социјалните мрежи, Душка почувствувала дека во близина има некој што се крие и демне, по што се упатила да провери што се случува. Набргу потоа биле слушнати силен крик и повик за помош, а кучето било пронајдено како лежи во шок и не може да се движи.

— реклама —
— реклама —

Во објавата се изразува сомнеж дека лицето можеби користело рачен електричен шокер, но ова засега не е потврдено.

— реклама —

Жителите апелираат до сите што се движат по патеката зад „Семенарство“ во Хиподром, особено во ноќните часови, да бидат внимателни. Патеката ги поврзува Хиподром 1 и Хиподром 2, а по неа минуваат и деца.

Се посочува и дека на оваа локација често се паркираат возила, додека зелената површина сè повеќе се претвора во депонија.

„Како и да е, Душка е нашиот херој“, порачуваат во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhlubqs1lh1c26gBcC5z

Синоќа започна миењето на улиците во Гази Баба

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryhlo1d0tkqgarcpfMfPf

Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“: Се санира 1,5 километри коловоз

Скопје | пред 1 месец

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 1 месец

uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања