Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“: Се санира 1,5 километри коловоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryhlo1d0tkqgarcpfMfPf

Мостот „Естакада“ во Гази Баба се асфалтира во ноќните часови, со цел работите да имаат што помало влијание врз сообраќајот во текот на денот. За активностите информираше Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со Бобан Стефковски синоќа беше на терен.

— реклама —

Санацијата ги опфаќа пристапните рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри. Од нив, 3.800 квадратни метри се целосно обработени со гребење и поставување два нови слоја асфалт, додека на самиот мост се поставува нов асфалтен слој.

Вкупната должина на коловозот што се санира изнесува 1,5 километри. Во рамки на зафатот се поставени и нови рабници и тротоари, а предвидени се и бојадисување на заштитната пешачка ограда и поставување нови капаци за шахтите.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, ноќното изведување на работите ќе продолжи секаде каде што условите го дозволуваат тоа, со цел да се намалат сообраќајниот застој и гужвите во текот на денот.

— реклама —

Тој посочи дека санацијата е одговор на долгогодишно барање на илјадници жители и дека целта е да се обезбеди побезбедно и непречено движење за сите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymak80t34slee9w1MWQo

Стефковски: бесплатен офталмолошки скрининг за сите ученици

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarybpb6nr7si21rdn6QNXr

(Фото) „Само уште риби ни недостигаат за да ја прогласиме за езеро“ – жител од Гази Баба за улицата полна со вода

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryutfse80mvlgi7rvcLqB

(Фото) Предупредување за сомнително лице во Хиподром, граѓаните повикуваат на внимателност

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryhlubqs1lh1c26gBcC5z

Синоќа започна миењето на улиците во Гази Баба

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања