Промени тема
Контакт

Гази Баба го решава пристапот до гробиштата Камник, започна реконструкција на патот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryhnr41q6nd3635gMJa0e

Општина Гази Баба започна со реконструкција на пристапниот пат кон гробиштата Камник, проект што со години беше барање на граѓаните, информираше градоначалникот Бобан Стефановски.

— реклама —

Тој посочи дека во првата фаза се инвестираат 8.164.884 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик на Владата, а дополнително општината ќе вложи уште 7.000.000 денари за целосна реализација на улицата.

— реклама —

Со проектот се предвидува воспоставување ново сообраќајно решение, кое ќе вклучува кружен тек со влез од улицата „Јужноморавски бригади“ и излез кон Сингелиќ кај населбата Клакер, со цел да се зголеми проточноста и да се намали метежот.

„Ова е исполнување на едно децениско барање на граѓаните. Со овој зафат пристапот до гробиштата конечно ќе биде функционален и безбеден за сите учесници во сообраќајот“, истакна Стефановски.

— реклама —

Паралелно со инфраструктурните активности, општината е во комуникација со АД Бутел за подготовка на урбанистичко-планска документација, со која се предвидува проширување на гробиштата и изградба на капела.

Од општината нагласуваат дека проектот има за цел да стави крај на долгогодишниот сообраќаен метеж, особено во периоди на празници, и да обезбеди достоинствен и мирен пристап за граѓаните кои доаѓаат да им оддадат почит на своите блиски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhlubqs1lh1c26gBcC5z

Синоќа започна миењето на улиците во Гази Баба

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhlo1d0tkqgarcpfMfPf

Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“: Се санира 1,5 километри коловоз

Скопје | пред 2 седмици

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 3 седмици

uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања