Свет

Иран планира да го зголеми извозот на нафта

Иранскиот министер за енергетика Џавад Овџи изјави дека ќе се обиде да го зголеми извозот на иранска нафта и деривати на 1,4 милиони барели дневно.

– Во парламентот пратениците одлучија да се подигне горната граница на извозот на нафта и деривати од 1,2 милиони барели дневно на 1,4 милиони барели. Министерството за нафта ќе направи се што е во негова моќ за да го постигне нивото определено во буџетот – изјави Овџи за иранската државна телевизија.

Иран, соочен со американски санкции поради извозот на сурова нафта, не откри точни бројки за количината на продадена нафта, пишува Ројтерс.

Овчи рече дека неговото министерство планира да го зголеми производствениот капацитет на сурова нафта и кондензат на 5,7 милиони барели дневно од околу 3,7 и четири милиони барели дневно, без да прецизира временска рамка.

На крајот на 2020 година, Иран претстави амбициозен план за зголемување на производствениот капацитет на сурова нафта на повеќе од 6,5 милиони барели дневно до 2040 година.

На почеток