Свет

Италијанец нападнат од ајкула, починал во болница

Турист од Италија загина по напад на ајкула во Колумбија. Нападот се случил во петокот на островот Исла де Сан Андрес во Карипското Море, пишуваат локалните медиуми.

Италијанец загинал во туристичкото место Ла Писинита кога ајкула неколку пати го каснала за десната нога. Тој бил пренесен во болницата Кларенс Линд Њубал, но изгубил премногу крв и починал.

Локалниот весник The Archipelago Press пишува дека 56-годишниот Италијанец бил нападнат од тигреста ајкула, која се смета за еден од најопасните видови ајкули. Веднаш по нападот беше објавено и видео на кое наводно се гледа ајкулата.

Овој вид ајкула вообичаено не живее во водите на Колумбија, но во последно време се почесто може да се видат. Локалните власти го истражуваат случајот и им порачуваат на луѓето да не се капат на таа локација.

На почеток