Скопје

Стефковски: Започнуваме низа активности за почетокот на пролетта

По повод почетокот на пролетта, денес 20.03.2022 година градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со советници од Советот, вработени во општинската администрација и вработените во ЈКП Гази Баба доброволно учествуваа на еколошката акција за чистење на патот Раштак – Бутел што денес ја организираа жителите на Раштак.

За акцијата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

Почетокот на пролетта го означивме со работна акција организирана од страна на жителите од Раштак за расчистување на патот Раштак – Бутел. На денешната акција доброволно се приклучија и вработените во општинста администрација, членовите на Советот на општина Гази Баба и вработените во ЈКП Гази Баба.

Јавна благодарност до жителите на Раштак за нивната општествена одговорност и иницијативност за денешната акција.

Оваа акција на жителите на Раштак нека биде пример и поттик за сите останати населени места, а општината, ЈКП Гази Баба и јас како градоначалник ја прифаќаме секоја иницијатива која ќе се реализира за општо добро.

Општина Гази Баба по повод почетокот на пролетта во следниот период ќе реализира низа активности.

Заштитата на животната средина останува на врвот на моите приоритети. Следниот период ќе засадиме голем број на нови садници и ќе подигнеме нови зелени површини – напиша Стефковски.

На почеток