Украински власти: Руси пукале во дом за стари лица, загинаа 56
Од
Објавено на
56 лица загинаа откако руски војници отвориле оган во дом за стари лица во Кремина во областа Луганск, тврдат украинските власти.
Украинските власти соопштија дека окупаторите „цинично и намерно“ пукале врз зграда во регионот на Луганск од тенк.
Државната служба за специјални комуникации објави дека има 15 преживеани, кои биле киднапирани од окупаторите и однесени на окупираната територија во Сватове во Луганската област, во регионалниот геријатриски интернат“.
Скај њуз, кој ја пренесе оваа информација, независно не го потврди ова тврдење.