Зеленски ја продолжи воената состојба во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја продолжи воената состојба во земјата за уште 30 дена од 26 март, соопшти денеска прес-службата на Врховната Рада.
Претседателот на Украина потпиша неколку воени закони, меѓу кои и оној за продолжување на воената состојба во Украина, пренесе ТАС С.
Со законот се продолжува воената состојба во државата за 30 дена од 26 март 2022 година, се наведува во соопштението.
Врховната Рада на 15 март го усвои предлог-законот за продолжување на воената состојба.
Воената состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, на почетокот на руската воена операција, која, според Москва, има за цел да ја денацизира и демилитаризира Украина.
