„Ние сакаме да живееме, но соседите сакаат да не видат мртви“, Зеленски ги спореди Хитлерова Германија и Русија
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/03/43d6a391-e9e4-48d8-a42b-fd6c59ed76d1.jpeg)
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска се обрати пред израелскиот парламент по повод војната на територијата на Украина, која денеска влезе во 25-тиот ден.
За време на говорот, Зеленски изјави дека израелскиот систем за противвоздушна одбрана ќе биде од голема помош за неговата земја, а насобраните во парламентот ги праша и зошто Израел се уште не вовел санкции кон Русија. Тој исто така го повика Израел да помогне во отпорот на украинскиот народ против руската армија.
„Дефинитивно можете да му помогнете на нашиот народ, да ги спасите животите на Украинците. Изборот е ваш, браќа и сестри, а потоа треба да живеете со вашиот одговор“, рече тој во своето видео обраќање.
Во својата видео-порака, претседателот Зеленски ја цитираше и покојната израелска премиерка Голда Меир, која рече: „Ние сакаме да живееме, но нашите соседи сакаат да не видат мртви“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да најде компромисно решение, пренесува CNN.
Тој исто така рече дека инвазијата „не е воена операција“.
„Тоа е војна од сите размери чија цел е да го уништи нашиот народ, да ги уништи нашите деца, семејства, државност, градови, култури и се што не прави Украинци. Затоа имам право да ја повлечам оваа паралела во историјата“, рече Зеленски.
Тој направи директна паралела меѓу денешна Украина и историјата на Израел, соочени со арапското непријателство.
Во своето обраќање, Зеленски им рече на израелските пратеници дека нацистичката партија, позната како НСДАП, е основана во Германија пред 102 години, на 24 февруари, денот кога Русија ја започна својата инвазија на Украина.
„Тие повторно ги кажуваат овие зборови – „конечно решение“ – во однос на нас, украинскиот народ… Toa беше кажано на состанокот во Москва“, рече Зеленски, кој е Евреин. Некои од неговите роднини загинаа во холокаустот, пренесува Си-Ен-Ен“.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)