Кина: Нема да испратиме оружје
Од
Објавено на
Кинескиот амбасадор во Вашингтон ,Чин Ганг денеска изјави дека Пекинг нема да испраќа оружје и муниција во Русија за да ја поддржи нејзината операција во Украина.
Тој посочи дека Кина ќе направи се за да ја деескалира кризата, пренесува Би-Би-Си.
Чин ова го изјави откако американскиот претседател Џо Бајден го предупреди својот кинески колега Си Џинпинг дека Пекинг ќе се соочи со „последици“ доколку испрати „материјална поддршка“ за Москва. Минатата недела, Пекинг го отфрли како „дезинформација“ дека е подготвен да испрати оружје во Русија.