(ВИДЕО) Украинските цивили во окупираниот Херсон ги принудија руските камиони да се повлечат
Жителите на украинскиот Херсон, град окупиран од руската армија, им го попречија патот на руските воени камиони со знаци „З“ по градските улици и ги принудија да се вртат.
Видеото кое е направено вчера, на Твитер го објави украинскиот новинар Олексиј Сорокин.
Украинците им извикуваа „Одете си дома“ на Русите и им покажаа среден прст.
Руските сили го окупираа Херсон по почетокот на инвазијата на 24 февруари, но проукраинските демонстранти последователно продолжија да излегуваат на улиците и да протестираат против инвазивните сили.
Residents of occupied Kherson block the path of a Russian military convoy and force it to turn away. Incredible. pic.twitter.com/jvT1jRXnO6
— Oleksiy Sorokin (@mrsorokaa) March 20, 2022