Свет

11 војници загинаа во Буркина Фасо

Неидентификувани напаѓачи убиле најмалку 11 војници на Буркина Фасо и раниле најмалку осум други во источниот регион, изјавија неименувани извори за Ројтерс.

Регионот, според британската новинска агенција, е се позагрозен бидејќи џихадистите поврзани со Ал Каеда и Исламската држава се обидуваат да ја преземат контролата врз досега мирните области во Западна Африка.

Изворите не даваат повеќе детали за последните напади и засега нема коментари од владини претставници.

Владејачката воена хунта изврши државен удар во јануари против претседателот Ро Каборе, обвинувајќи го дека не успеал да го спречи растечкото насилство од исламските милитанти, кои убија неколку илјади луѓе и принудија уште два милиони да ги напуштат своите домови.

На почеток