Свет

Зеленски: Ерусалим е вистинското место за мировни преговори со Русија

Израел прави напори да посредува меѓу Украина и Русија, а идни мировни преговори на високо ниво би можеле да се одржат во земјата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Израелскиот премиер Бенет се обидува да најде начин да води преговори“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

„Ние сме благодарни за овие напори. Порано или подоцна ќе мораме да започнеме преговори со Русија, можеби во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир, ако е можно“, рече Зеленски во пораката објавена по видео врската со израелската парламентот.

На почеток