Свет

Партизаните во Белорусија напаѓаат руски возови и опрема, вели белоруски политичар

Белоруските партизани се обидуваат да ја спречат Белорусија да ја нападне Украина, тврди Франак Виачорка, висок советник на лидерот на белоруската опозиција Светлана Тихановска и еден од лидерите на младинското крило на Белорускиот народен фронт.

Тој на Твитер објави дека луѓето внатре во Белорусија ја оштетуваат руската опрема, ги уништуваат руските возови и им делат летоци на белоруските војници во обид да ја спречат белоруската армија да учествува во инвазијата на Украина.

„Украина ќе победи, а Белорусија ќе биде ослободена“, напиша тој.

На почеток