Свет

Британија: Русите ќе се обидат целосно да го опкружат Киев

Руските сили кои напредуваат кон Киев од североисток стојат во место, а повеќето сили се наоѓаат на повеќе од 25 километри од центарот на градот, според новата проценка на британското воено разузнавање.

Северно од Киев се водат тешки битки“, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Силите што напредуваат од правецот на Хостомел кон северозапад се одбиени од жесток украински отпор“, се вели во проценката.

„И покрај недостатокот на напредок, Киев останува примарна воена цел и Русите ќе се обидат да го опколат градот во следните недели како приоритет“, се вели во оценката.

На почеток