Свет

(ВИДЕО) Поправено истекувањето на амонијак во близина на Суми

Украинските власти соопштија дека успеале да го поправат истекувањето на амонијак од хемиската фабрика во близина на градот Суми во североисточна Украина.

Регионалниот гувернер Дмитриј Живицки рече дека службите за итни случаи успеале да го поправат истекувањето на амонијак откако отровниот гас истекувал два часа.

„Нема повеќе закана за населението“, објави Живицки на Телеграм.

На почеток