За денеска договорени осум коридори, но не и од опколениот Мариупол
За денеска се договорени осум хуманитарни коридори преку кои цивилите ќе можат да се евакуираат, но не и од опколениот пристанишен град Мариупол, изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
Таа рече дека се уште се неуспешни напорите да се пробие конвојот со хуманитарни залихи за Мариупол, пренесува „Гардијан“.
Генералниот конзул на Грција во Мариупол, Манолис Андролакис синоќа изјави дека украинскиот град се приклучува на местата познати во историјата на воените разурнувања, споменувајќи ги Ковентри, Грозни и Ленинград.
Тој е последниот дипломат од Европската унија кој го напушти Мариупол, откако помогна да се евакуираат неколку десетици Грци од уништениот град, опкружен од руските сили, јави Гласот на Америка.
– Се надевам дека никој нема да го види тоа што јас го видов. Мариупол ќе стане дел од листата на градови целосно уништени од војната. Не треба да ги набројувам: Герника, Ковентри, Алепо, Грозни, Ленинград – изјави Андролакис на атинскиот аеродром.