Празните полици во продавниците се најголемиот страв на Австријците: „Сакаме тоа да се обезбеди и во Уставот“
Поради украинската криза, безбедноста на снабдувањето е се поважна за Австријците, покажуваат анкетите на јавното мислење.
„Особено во време на криза, луѓето се свесни колку е важно да се има стабилно снабдување со храна. Сакаме тоа да биде обезбедено и во Уставот“, велат резултатите од истражувањето, известува авторот Кристоф Хазелмаер.
За 66% од Австријците важно е да нема празни полици во продавниците или фрижидерите.
На второ место е здравјето за кое се изјасниле 59 отсто, а потоа заштитата на животната средина.
Дури 92 отсто од Австријците сакаат земјата во иднина да биде поотпорна на кризи.
Желбата на три четвртини од населението е државата да ја задржи системски релевантната инфраструктура и да не дозволи приватизација.
Кога станува збор за ЕУ, 60 отсто од Австријците се со став дека Брисел не донел правилна одлука во однос на осигурувањето на храна, енергија и лекови.