Во Виена до некои згради може да се стигне само со брод: Сообраќајот делумно прекинат
Во Австрија, која е погодена од обилните дождови што ги донесе циклонот Борис во Централна и Источна Европа, најтешка е состојбата со поплави во провинцијата Долна Австрија, која во неделата беше прогласена за зона на катастрофа.
Поради обилните врнежи, сообраќајот во Виена денеска е делумно во прекин, училиштата се во вонредна состојба, многу улици се затворени, а до некои згради може да се стигне само со брод, јавуваат австриските медиуми.
Весникот „Хојте“ пишува дека јавниот превоз е во застој, а метрото е делумно затворено поради дефекти на метрото поради поплави предизвикани од обилните дождови.
Виенски Курир наведува дека до некои згради во главниот град на Австрија може да се стигне само со брод.
Досега шест лица се повредени во невремето во Виена, соопштија градските власти на прес-конференција во неделата попладне.
Стотици луѓе беа спасени за време на викендот во Долна Австрија, која беше тешко погодена од поплави и прогласена за зона на катастрофа.
Неверојатни количества дожд, на некои места дури и четири пати повисоки од просечните вредности во септември, доведоа до исклучително тешка ситуација во источна Австрија.
Иако ноќта меѓу неделата и понеделникот беше мирна во Долна Австрија, метеоролозите за денеска прогнозираат обилни врнежи од дожд, наведувајќи дека ќе наврнат и до 60 литри дожд на метар квадратен.
Циклонот Борис донесе обилни дождови во Централна и Источна Европа, а според вчерашните податоци во поплавите загинаа најмалку седум лица.
Водостојот на реките во Централна Европа продолжува да расте, вклучувајќи го и Дунав.
Градоначалникот на Будимпешта Гергељ Карачони во неделата изјави дека на Будимпешта и се заканува најголемата поплава во последната деценија.