Свет

Страшни детали за катастрофата во Јабланица: Меѓу загинатите има и трудница, настрадаа речиси цели семејства

Во страшните поплави кои завчера зафатија делови од Босна и Херцеговина, „Аваз“ дознава дека една од жртвите е 29-годишна трудница од Јабланица.

Таа е меѓу првите жртви во поплавата што ја погоди оваа област. Исто така, според информациите на „Аваз“ животот го загубиле речиси цели семејства.

Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Долна Јабланица. Настрада и уште една брачна двојка од овие простори, пренесува „Аваз“.

Вкупниот број на загинати се уште не е познат, а се трага по десетина луѓе.

„Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако беше потврдено дека исто толку луѓе загинале само во областа Јабланица“, изјави премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ и додаде:

„Според информациите што ги имам, во Јабланица загинале 16 лица, а 12 се водат за исчезнати. Едно лице загинало во Бутуровиќ Поле, а по четворица се трага. Проблем се местата до кои не е стигнато“.

На почеток