Свет

(Видео) Најмалку 70 загинати во напад на вооружена банда на Хаити

Најмалку 70 лица, меѓу кои десет жени и три деца, загинаа во напад на бандата Гран Гриф врз село на Хаити, соопштија вчера вечерта Обединетите нации.

Канцеларијата на ОН за човекови права во Женева соопшти дека членовите на бандата отвориле оган врз селото кај Понт-Сонде, по што запалиле четириесетина куќи и неколку десетици возила.

Премиерот на Хаити Гари Конил напиша на платформата X дека тоа е брутален напад врз невооружени луѓе.

Членовите на бандата Гран Гриф ги изненадија жителите во четвртокот во 3 часот по локално време и ги подложија на „бруталност што не може да се опише“, соопшти владата.

Таа најави дека ќе го зголеми присуството на безбедносните сили во регионот северно од главниот град Порт-о-Пренс.

Хаити е најсиромашната земја на западната хемисфера и со години е место на насилство од вооружени банди кои сега го контролираат поголемиот дел од главниот град. Насилството сега се прошири и во другите региони, пишува агенцијата dpa.

На почеток