Свет

Драматично на Хаити: Банди ги нападнаа владините згради и претседателската палата, експлозии низ градот

Банда упадна во болница во Хаити, држејќи како заложници стотици жени, деца и новороденчиња

Банди на Хаити извршија големи вооружени напади во текот на ноќта врз неколку владини згради, вклучувајќи ја и претседателската палата во Порт-о-Пренс, соопштија безбедносни извори.

Главниот град на Хаити со денови е зафатен од бран на добро координирани банда напади врз органите на редот и државните институции, чија цел е да се собори владата на премиерот Ариел Хенри.

Извор изјави за ABC News дека вечерашниот напад бил координиран и брз, при што различни групи истовремено напаѓале повеќе владини згради, вклучително и претседателската палата, Министерството за внатрешни работи и полицискиот штаб за западниот округ на Хаити, кој го вклучува Порт-о-Пренс.

Како што се додава, се слушнале и експлозии, а стотици луѓе ја напуштиле областа за време на конфликтот меѓу бандите и полицијата.

„Сè уште се обидуваме да ја ставиме ситуацијата под контрола“, изјави еден од безбедносните извори за Си-Ен-Ен.

Минатата недела на Хаити беше прогласена вонредна состојба поради ескалацијата на насилството, вооружени банди упаднаа во затвор и ги ослободија затворениците, а 10.000 луѓе беа раселени.

На почеток