Хамас ја потврди смртта на својот командант во израелскиот напад врз северен Либан
Саид Аталах, шефот на вооруженото крило на Хамас, бригадата Ал Касам, е убиен во северен Либан, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на медиум поврзан со палестинското движење.
Медиумите блиски до Хамас објавија дека Аталах бил убиен заедно со тројца членови на семејството во израелски напад врз палестински бегалски камп во северниот либански град Триполи, пишува Ројтерс.
Израел се уште не ја коментираше објавата. Нема повеќе информации за Аталах, за кој агенциите велат дека е водач на бригадите Ал Касам.
Во средината на јули, Израел го елиминираше Мохамед Деиф, долгогодишниот лидер и еден од основачите на оние бригади кои го предводеа нападот врз Израел на 7 октомври. Деиф беше убиен еден ден откако политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија беше елиминиран во Техеран.