(Видео) Иранска телевизија објави снимка од нападот во кој беше убиен лидерот на Хезболах во Бејрут
Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела беше убиен лидерот на шиитската милиција Хасан Насрала.
Во серија израелски напади беа убиени многу високи водачи на либанската милитантна група, нејзините електронски уреди беа кренати во воздух и уништен е дел од нејзиниот огромен ракетен арсенал.
First video of moments of the attack that killed #HassanNasrallah in Beirut look like.-Iranian television claims.#Israel #WWIII #WW3 #Beirut #LebanonUnderAttack #WorldWar3 #jordan #Iran #نصرالله #خامنهای #تهران #ایران pic.twitter.com/Freo1XiJk2
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) October 4, 2024
Израелските воздухопловни сили го погодиле бункерот со околу 80 тони експлозив, пишува Wall Street Journal. Во нападот беа употребени серија темпирани, врзани експлозии за да се пробие подземен бункер, изјави висок израелски воен претставник.
Убиството на Насрала предизвика реакција од Иран, кој го поддржува Хезболах. Стотици проектили беа истрелани кон Израел во вторникот додека ескалацијата на Блискиот Исток се зголемува од ден на ден.