Свет

Два земјотреси погодија Британска Колумбија

Почувствуван земјотрес во Тетово и вo Гостивар, епицентарот во Албанија

Два земјотреси со јачина од 6,5 и 4,7 степени синоќа го погодија северниот брег на канадската провинција Британска Колумбија, а засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека првиот земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала се случил околу 00:20 часот по локално време, во близина на крајбрежниот град Порт Мекнил.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан на длабочина од 10 километри.

Потоа во 03:43 следеше земјотрес од 4,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар на иста длабочина.

Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека по овие земјотреси нема закана од цунами, пренесува Ројтерс.

На почеток