Македонија

Ковачевски за преговорите со Бугарија: Има резултати

Кога ќе има документ прифатлив од двете страни, ќе биде споделен. Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски за преговорите меѓу Македонија и Бугарија. Посочува дека соработката меѓу двете држави е унапредена и додаде: „Оваа воена агресија дека мора да бидеме силни и унапредени“.

„Ние со Бугарија отворивме процес на разговори од доаѓањето на оваа Влада во С. Македонија и новата во Бугарија. Имаме нов процес на комуникација за да се зголеми довербата меѓу општествата во целина. Тие групи работат и имаат резултати. Се одржаа и работни конференции. Има и резултати за зголемување на транспортните квоти. Сметам дека соработката со Бугарија е унапредена од претходно. Граѓаните знаат дека при воената агресија на Русија кон Украина, дека евакуацијата на нашите граѓани, голем удел имаше и МНР на Бугарија. Тие имаат големо малцинство таму, половина милион жители“, кажа Ковачевски.

За тоа како го коментира фактот што Македонците се најнесреќна нација споредено со соседните држави, тој посочи дека се обезбедува помош за сите, се помага, се зголемува минималната плата, како и пензиите.

На почеток