Актуелно

Украина: Руските окупаторски сили илегално изнесоа 2.389 деца

Амбасадата на Украина во Македонија, на социјалните мрежи објави изјава на Министерството за надворешни работи, во која стои дека рускитеокупаторки сили на терторијата на Руската федерација илегално изнеле 2.389 деца.

„Според добиените информации, руските окупаторски сили на 19 март илегално изнесоа на територијата на Руската Федерација 2.389 деца кои се наоѓале во привремено окупираните области на Доњецката и Луганската област.
Присилното префрлање на цивилно население на територијата на државата агресор, вклучително и деца, покажува знаци на киднапирање. Ваквите дејствија се грубо кршење на меѓународното право, особено на меѓународното хуманитарно право.
Со уништување на домови и убивање на родители, РФ ги лишува украинските деца од родителска грижа и ги става нивните животи во дополнителна опасност на територијата на Русија.
Ја повикуваме меѓународната заедница веднаш да одговори на нелегалното отстранување на децата, да го зголеми притисокот врз Русија со цел да ја принуди да стави крај на варварската војна против украинскиот народ.
Фактите за киднапирањето на деца, исто како и стотици други злосторства на руските окупатори врз цивилите во Украина, се внимателно документирани од агенциите за спроведување на законот. Виновниците за овие злосторства ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, стои во објавата.

На почеток