Свет

Русија ја блокираше страница на францускиот канал Euronews

Рускиот медиумски регулатор го блокираше пристапот до францускиот канал Euronews како дел од зајакнувањето на контролата врз информациите поврзани со рускиот напад врз Украина. Според руските новински агенции, Роскомнадзор го блокирал euronews.com и неговата руска верзија ru.euronews.com на барање на обвинителството. Мотивот за блокадата не е наведен.

Од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари, руските власти значително ја зајакнаа контролата врз информациите објавени на Интернет. На многу руски и странски медиуми, вклучително и Би-Би-Си, им беше забранет пристапот, а Фејсбук и Инстаграм беа прогласени за „екстремистички“ од московскиот суд во понеделникот.

Пристапот до Твитер е исто така ограничен. Роскомнадзор ги обвини и Гугл и Јутјуб за „терористички“ активности, што е прв чекор кон можна блокада.

На почеток