Свет

Спречен четврти по ред обид за убиство на Зеленски

Украинската контраразузнавачка служба наводно спречила четврти обид за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува германскиот весник „Билд“.

Група руски диверзанти, предводени од агент на тајна служба, е уапсена во градот Ужгород на граничното тромеѓе меѓу Украина, Словачка и Унгарија, објави агенцијата Униан, пишува „Билд“.

За една недела спречени се дури три обиди за убиство на Зеленски. Покрај нападот врз Зеленски во Киев, речиси 25 лица учествувале во извршувањето на серија саботажи во владиниот округ и други делови на Украина. Тие се обиделе да се преправаат дека се припадници на територијалните единици на Украина и на тој начин да стигнат до Киев. Овие информации не се официјално потврдени.

Според украинските информации, руските шпионски одреди од почетокот на војната неколку пати се обиделе да влезат во Киев и да го елиминираат шефот на државата.

На почеток