Свет

„Западот кон Русија се однесува на одвратен, криминален и неморален начин“, вели Медведев

Соединетите држави имаат за цел да ја понижат, поделат и на крајот да ја уништат Русија, рече Дмитриј Медведев.

Тој го обвини Западот дека се однесува кон Русија на „одвратен, криминален и неморален начин“.

Поранешниот руски претседател, а сега заменик секретар на Советот за безбедност на Русија изјави дека Русија никогаш нема да дозволи тоа да се случи.

Тој изјави дека таквиот план, под услов да се реализира, може да има катастрофални последици за светот, пренесува Тасс.

„Русија никогаш нема да дозволи таков развој на настаните“, нагласи Медведев во пораката објавена на Телеграм.

На почеток