„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

СДСМ ги кочи измените на Изборниот законик иако уште во 2016 ветуваше една изборна единица, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Edna-izborna-edinica-

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ја утврди потребата од донесување на предлогот на Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се предвидува воспоставување на една изборна единица на целата територија на државата, вели Левица.

— реклама —

„Но, тоа ништо не значи, бидејќи албанските политички партии не се согласуваат со предлогот на законот, а исто така и пратениците од СДСМ изјавија дека не се подготвени да го поддржат истиот, доколку не наиде на поддршка од коалицискиот партнер ДУИ.

Вистинската собраниска процедура околу предлогот на законот допрва следи, бидејќи истиот може да биде кукавички, амандмански блокиран од деструктивните и регресивни сили од владејачкото мнозинство, кои со таков еден потег директно ќе застанат против политичката демократијата.

— реклама —

Во интерес на зајакнување на демократските капацитети на државата, ги повикуваме помалите политички партии, кои се дел од парламентарното мнозинство, да покажат дека не функционираат како полтронски партии и доколку овој предлог на закон не се усвои, истите да го напуштат парламентарното мнозинство.

Воедно, ги потсетуваме СДСМ дека уште во 2016 година, во својата изборна програма, го имаа вклучено моделот на една изборна единица, како определба која треба да ја исполнат во текот на нивниот мандат.

Сегашниот систем de facto е нефункционален бипартиски систем, кој не го одразува вистинското политичко расположение кое владее меѓу народот, со што индиректно се поништува народната волја и се влијае демотивирачки кај гласачите. Доказ за тоа е се помалата излезност на секој нареден изборен циклус, како и големиот број на неважечки гласачки ливчиња.

Со ваквиот неправичен изборен модел, Левица на последните парламентарни избори беше оштетена за дури три пратеници!

Само со нов изборен модел, непосредно ќе им се овозможи на нови политички опции да го остварат своето право на претставување во Собранието, а посредно на граѓаните ќе им се овозможи да гласаат водени од идејата дека нивниот глас вреди и ќе биде соодветно претставен“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ustaven

СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Резолуцијата против нелегалната миграција

Македонија | пред 12 часа

media-library3k7a62a50lbragt94sM

СДСМ до Уставниот суд: Да се укине неуставната Резолуција и да се заштити слободата на говор

Македонија | пред 18 часа

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Со неуставна резолуција ДПМНЕ и ЗНАМ се обидуваат да ја замолчат јавната дебата, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

51527416724_29ef17fba6_c

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за милионските злоупотреби во Лотарија под покровителство на Груби: „СДСМ ги толерирала злоупотребите“

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања