Помошникот на Путин ја напушти Русија
Од
Објавено на
Анатолиј Чубаис ја напушти Русија.
Чубаис поднесе оставка како специјален пратеник на Русија за одржлив развој и ја напушти земјата, пишува Блумберг, повикувајќи се на свои извори.
Беше извршен директор на руската компанија Обединет енергетски систем, а важеше за близок соработник на Путин.
Рускиот претседател Владимир Путин го назначи поранешниот директор на корпорацијата Руснано Анатолиј Чубаис за свој специјален пратеник за односи со меѓународните организации со цел да се постигнат целите за одржлив развој во декември 2020 година.